Фирмата ФЕНИКО2000 потекнува од занаетчискиот дуќан ковачка работилница (ковачница) основана далечната 1957 година. Во 1985 година ковачницата се пререгистрира како фирма за обработка на метал и галванизација. Тогашното име на фирмата е "МЕТАЛНА", сегашното име на фирмата е "ФЕНИКО" и го добива во 1991 година и под тоа име работи до 2000 година кога го добива името "ФЕНИКО2000 ДООЕЛ МИЛЧО".Дејноста на фирмата е воглавно работа со метали и метални производи.
Фирмата "ФЕНИКО 2000" се наоѓа во прекрасната Општина Богданци на јужниот дел од Р. Македонија. Местоположбата на фирмата е на главната улица во Богданци на излезот према Дојран.